Тренерот на Милан, Стефано Пиоли остана задоволен од минималната победа од 1:0 на својот тим на гостински терен кај СПАЛ во мечот од 10. коло во Серија „А“.
На „росонерите“ им беше тешко да го пронајдат вистинскиот пат до голот на гостите во поголеми делови од судирот, но со гол од директен слободен удар на Сусо, тие сепак запишаа важен успех. Пиоли го повика тимот да продолжи да се развива и да биде гладен за победи.
– Пред мечот им кажав на момчињата дека е важно за мене да излезат со вистински дух на теренот. Штета е што моравме да трепериме до самиот крај на натпреварот, но тешките победи ќе бидат плус за нас, особено пред мечот со Лацио, прокоментира Пиоли.
Тој протоа го прокоментира настапот на Сусо, за кој смета дека е одличен играч кој може да му даде повеќе на тимот.
– Драго ми е што сум негов тренер, но тимот треба да биде добар тим и да не победува или губи заради еден играч. Допрва треба да се развиваме. Ако го направиме тоа, сè е можно можно. Доаѓаат тешки натпревари, но треба да влеземе во нив без страв, додаде тренерот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.