Раководството на Милан одлучило да го врати Тимуе Бакајоко во Челси по крајот на сезоната, јавува „Спорт Медијасет“.

Играчот од средниот ред беше казнет со 90.000 евра од клубот, бидејќи задоцнил еден час на тренингот во средата. Однесувањето на Французинот во текот на изминатите неколку недели го навело раководството на Милан да се предомисли во однос на активирање на клаузулата за откуп на играчот од 35 милиони евра.

На крајот изгледа дека поголеми се шансите Милан да не го задржи Бакајоко, дури и ако тимот успее да се квалификува во Топ 4 и обезбеди место за настап во ЛШ следната сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.