Раководството на Милан ќе се обиде да склучи необичен договор со УЕФА за неговите прекршувања во однос на финансискиот фер-плеј. Клубот од Милано ќе прифати исклучување од евротурнирите за период од 1 години, но под услов, ако не успее да се пласира во Лигата на Шампионите.
„Росонерите“ првично беа исклучени од турнирите под покровителство на УЕФА за сезоната 2018/2019, но поднесоа жалба пред спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана и во последен момент добија позитивен одговор. Сепак, нивното учество во Лигата на Европа заврши несреќно со елиминација во групната фаза.
Според последната одлука на УЕФА, Милан доби парична казна во износ од 12 милиони евра и исклучување од турнирите на УЕФА за период од 1 година, ако финансиите не бидат балансирани до 2021 година. Милан не верува дека тие можат да го постигнат ова во рамките на утврдениот рок.
„Кориере дело спорт“ тврди дека ако „росонерите“ не се пласираат во Лигата на Шампионите со пласман во топ 4 во Серија „А“, тимот ќе прифати 1-годишна казна како дел од договорот со УЕФА. „Росонерите“ немаат интерес да играат повторно во Лига Европа, за да можат да ги концентрираат сите свои напори и ресурси да се пласираат во ЛШ во сезоната, во кој ќе тече нивната казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.