Легендата на црногорскиот и југословенскиот фудбал Предраг Мијатовиќ изјави за српските медиуми дека негови омилени репрезентации на ЕУРО2020 ќе бидат македонската и хрватската.
Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило што успеа со својот тим да дојде до историски успех, изјави Мијатовиќ за белградскиот весник „Блиц“.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, со кој во 1998 година ја освои Лигата на шампиони, како главен фаворит за титулата на ЕУРО2020 ја посочи Франција, а во потесниот круг кандидати ги вброи Португалија, Германија, Шпанија и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.