Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, не верува дека клубот може во летниот преоден рок може да го реализира трансферот на Килијан Мбапе.

Навивачите би сакале да го видат Мбапе во дресот на Реал, верувам дека еден ден ќе биде реализиран тој трансфер. Мислам дека тоа нема да се случи ова лето, иако никогаш не се знае…Од искуството околу трансферот на Роналдо, знам дека морате да работите напорно со месеци, порачал Мијатовиќ.

Тој во периодот од 2006 до 2009 година, во ерата на Рамон Калдерон, беше спортски директор на кралскиот клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.