Српскиот тренер, Синиша Михајловиќ изминатиов викенд беше главна вест во Италија откако и покрај тешката болест со која се бори (леукемија), ја водеше својата Болоња од клупата во првото коло од Серија А.

Според италијанскиот медиуми тој во петок повторно ќе биде на клупата на Болоња кај СПАЛ, иако се гледа дека 40-те дена лекувања во првата фаза од хемотерапијата оставиле голема трага на него.

Во моментов тој има наредба од лекарксиот тим да се одмора и мирува пред почетокот на вториот дел од третманот, кои Србинот очигледно не ги почитува во целост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.