Германецот Месут Озил по се изгледа зимскиот преоден рок ќе го напушти Арсенал. Како што пишуваат медиумите на „Островот“, тренерот Унаи Емери не смета на услугите на Озил по конфликтот кој го имал со него, па клубот од Лондон веќе е отворен за понуди за овој фудбалер.
Озил изминативе години важеше за еден од најкреативните играчи од средниот ред, но неговата форма е одамна падната, па екипите на Интер и Милан се споменуваат како најверојатно дестинации за овој играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.