Поранешниот германски фудбалски репрезентативец и актуелен член на турскиот гигант Фенербахче, Месут Озил, e еден од првите фудбалери кој го крена гласот против формирањето на новото клупско натпреварување под името Суперлига, зад која станаа 12 финансиски моќни европски екипи.

Озил на својот твитер профил истакна дека најавената Суперлига нема ништо заедничко со духот на фудбалот.

Децата растат сонувајќи еден ден да освојат Светско првенство и Лига на шампиони, а не таму некојаси Супер лига/ Уживањето во големите натпревари се состои во тоа тие да се случуваат еднаш или два пати годишно, а не секоја недела – порача Озил на социјалните мрежи.

Меѓу клубовите кои застанаа зад новото натпреварување, најавено да почне во август, се Реал Мадрид и Арсенал, две екипи за кои Озил настапуваше во минатото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.