Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е најплатениот фудбалер на планетата. Според угледниот француски весник „Екип“, неговата бруто-месечната плата изнесува 8,3 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од неговиот најголем конкурент, Кристијано Роналдо од Јувентус, чија плата изнесува 4,5 милиони евра.
Од третото до петтото место на рангирањето се наоѓаат Нејмар (ПСЖ), Антоан Гризман (Барселона) и Луис Суарез (Барселона), кои заработуваат по 3 милиони евра бруто-плата секој месец.
Следни на листата се Герет Бејл и Еден Азар од Реал Мадрид со по 2,5 милиони, додека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, е осми со 1,9 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.