Дебито на фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, на домашен терен на „Паркот на принцовите‘ на натпреварот од француското првенство против Клермон е неизвесно, бидејќи еден од најдобрите играчи на сите времиња сè уште е со репрезентацијата на Аргентина.
Навивачите на ПСЖ се надеваат дека в сабота во тимот ќе можат заедно да ги поздрават Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но, засега, тоа е под знак прашање.
Меси и Нејмар и натаму се со репрезентациите на Аргентина и Бразил за натпреварите од јужноамериканските мундијалски квалификации и наскоро би требало да се вратат во Париз.
Јужноамериканското дерби меѓу Аргентина и Бразил минатата недела беше одложено поради кршење на ковид протоколите од страна на четворица аргентински репрезентативци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.