Легендата на Барселона, Лионел Меси вчера го постигна 400-от погодок во шпанскиот фудбалски шампионат. Аргентинец синоќа ја затресе мрежата на Еибар (3-0) во натпреварот од 19. коло на Примера лигата.
Со овој рекорд, Меси не е само најдобриот стрелец во Шпанија, туку и во Топ 5 лигите во Европа.
Најдобар стрелец во англиската Премиер лига е Џими Гривс со постигнати 357 гола, настапувајќи за Челзи, Тотенхем и Вест Хем. Во Италија, со 274 голови прв на вечната листа е Силвио Пиола, кој играше за Про Верчели, Лацио, Торино, Јувентус и Новара.
Најдобриот стрелец во Германија, Герд Милер постигна 365 гола за Баерн. Листа на стрелци во Франција е предводена од Делио Онис, кој како дел од Ремс, Монако, Турс и Тулон, има дадено 299 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.