Екипата на Барселона има неколку повредени дефанзивци, па токму затоа уште пред почетокот на трансфер рокот го договори првото засилување во одбраната, а тоа е Џејсон Муриљо од Валенсија. Колумбиецот кај „каталонците“ доаѓа на позајмица со опција летоска да биде откупен од Барса

Сепак, како што пишуваат шпанскиоте медиуми, во игра за засилување на стоперската позиција бил и контроверзниот Португалец, Пепе, кој неодамна го раскина договорот со Бешикташ.

Пепе беше фудбалер на Реал Мадрид, па откако заминал од Истанбул, ѝ бил понуден на Барса, но трансферот не се реализирал само поради – Меси.

Токму најдобриоте играч на светот бил тој кој ставил вето и спречил Пепе евентуално да се пресели на „Камп Ноу“ најмногу поради минатото на Португалецот, кој играше доста валкано против Каталонците, а Меси сето тоа очигледно не го заборавил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.