Лионел Меси со прес конференција се прости од „Камп Ноу“, на која говореше за своето заминување од Барселона, единствениот клуб за кој аргентинскиот генијалец досега ги бранеше боите во неверојатната кариера.
На самиот почеток Меси доби овација од присутните во салата, меѓу кои беа и неговите довчерашни соиграчи, по што Аргентинецот не можеше да ги скрие солзите.
Се обидов да бидам понизен и да се однесувам со почитување, и се надевам дека тоа ќе остане мој белег кога ќе заминам од клубот, изјави Меси на средба со новинарите во Барселона, додека стотици навивачи, од кои повеќето облечени во дресот со неговиот број 10, се собраа пред стадионот „Камп Ноу“.
Аргентинската фудбалска суперѕвезда истакна дека никогаш не „замислувал“ дека ќе мора да го напушти клубот во кој дојде на 13-годишна возраст.
– Никогаш не замислував дека ќе се збогувам, бидејќи вистината е дека никогаш не размислував за такво сценарио. Сакав тоа да го направам заедно со навивачите, на теренот, изјави Меси.
Lionel Messi crying while given a standing ovation 😞😢❤️ pic.twitter.com/B8fTNdekKc
— 🪄🇳🇱 (@FDJChief) August 8, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.