Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг зборуваше за ситуацијата во клубот и за можното заминување на капитенот Лионел Меси.
Аргентинецот претходно го извести раководството на Барса за намерата да го раскине договорот. Главен претендент за него се смета Манчестер Сити.
Сега има неред во Барселона, се случуваат многу чудни работи. Вистински хаос. Не сум разговарал ниту со Меси ниту со клубот. Затоа, немам претстава што се случува. Но, ако Меси навистина замине, тоа ќе биде вистински удар за клубот. Кога ќе се вратам по натпреварите на репрезентацијата, ќе видам што ќе се случи, изјави Де Јонг „Дејли Мејл“.
Тој за „Фокс Спортс“ додаде оти се надева дека Меси ќе остане во Барселона, но дека тоа не зависи од него и дека аргентинецот се уште е во групниот чат кој го имаат фудбалерите.
За денес е најавена средба меѓу таткото на Лионел Меси, Хорхе и претседателот на клубот Јосеп Бартомеу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.