Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, призна дека се чувствувал убаво кога играл против Кристијано Роналдо, додека тој беше дел од Реал Мадрид.
Триесет и четиригодишниот Португалец се пресели во Јувентус летото 2018 година.
Бев задоволен што играв против Роналдо, иако беше тешко. Сакав да освојувам трофеи кога тој беше во Реал. Би било добро да продолжеше да игра за мадридскиот клуб, истакнал Аргентинецот.
Во својата прва сезона во Италија, Роналдо одигра 36 натпревари за Јувентус, постигна 24 гола и запиша 10 асистенции. Меси пак сезонава настапи на 37 средби за Барселона, постигна 39 голов и запиша 16 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.