Лионел Меси испратил факс до управта на Барселона со кој побарал да го раскине договорот со клубот, повикувајќи се на клаузула која му дозволува еднострано да ја прекине соработката со клубот, објавува „TикСпортс“.

Од клубот потврдиле дека го примиле факсот, но засега нема нивен официјален одговор, иако ставот на БАрселона е дека споменатата клаузула истекла на 10 мај, поради што цената за Меси изнесува 700 милиони евра.

Аргентинскиот фудбалер има откупна клаузула од 700 милиони евра во договорот што трае до 30 јуни 2021 година, но Аргентинецот се повикува на интерна клаузула која му овозможува да го раскине догворот без обесштетување и која истекла на на 10 мај, кога требаше првично да заврши сезоната, пред да биде продолжена поради пандемијата на Ковид-19.

Поради тоа, адвокатите на Меси во испратеното барање за раскин на договорот резонираат дека сезоната не завршила во нормален тек, поради што крајниот рок од 10 мај не е валиден, туку валиден е моментот кога завршила сезоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.