Големото фудбалско дерби во Јужна Америка меѓу селекциите на Бразил и Аргентина во Сао Пауло заврши уште пред да почне на многу невообичаен и несомнено бизарен начин. Со прекин во осмата минута од таборот на „гаучосите“ информира дека дуелот е суспендиран и нема да продолжи.

Бразилската полиција и претставници на Министерството за здравство влегоа на терен со тврдење дека четири играчи од составот на Аргентина ги прекршиле ковид-протоколите и лажеле дека немале престој во Англија во последните 14 дена.

Судиите веднаш ги повлекоа играчите во соблекувалните, капитените на двата тима имаа и разговори, но натпреварот не продолжи. Информацијата дека мечот е суспендиран ја сподели Фудбалската федерација на Аргентина. Се чека на следните информации од КОНМЕБОЛ.

Аргентинците реагираа бурно по прекинот на дуелот.

Лионел Меси и селекторот Лионел Скалони беа први борци на теренот и бараа објаснување за овој несекојдневен инцидент.

Ова е срамота, тука сме три дена и ништо не се случи, рече Меси, а селекторот Скалони прашува зошто не ги побарале фудбалерите во хотелот.

Ова не требаше вака да се случи, рече Скалони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.