Вредноста на трансферот во ПСЖ на Лионел Меси, кој летово по две децении ги напушти редовите на Барселона, изнесува фантастични 110 милиони евра, објави денеска францускиот весник „Л Екип“.
Изнесувајќи ги финансиските детали од тригодишниот договор, весникот наведе дека Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона, плус дополнителни 10 милиони евра за лојалност за втората и третата сезона од неговиот престој во Париз.
Аргентинецот Меси ќе заработува исто колку и Нејмар, според новиот договор што Бразилецот го потпиша претходно оваа година, а повеќе од францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој засега одбива да го продолжи договорот со ПСЖ.
Дел од парите на Меси ќе му бидат исплатени во криптовалути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.