Лео Меси кој важи за еден од најсилните симболи и структури на клубот, тврди дека не сакал да се вмеша во трансфер политиките на неговиот клуб и да не одлучува за круцијални работи.

Барселона ова лето го потврди големото засилување Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а се најавуваше и доаѓање на Нејмар од ПСЖ, кој сепак остана во Париз.

Аргентинецот по свое уверување, истакна дека можеби клубот не сторил се што е во нивна моќ, за да го вратат Нејмар назад.

Секако дека би било добро да го имаме во составот, јас би бил среќен доколку имавме таква ситуација. Нејмар е неверојатен играч, а што се однесува до мене, јас не се обидов да влијаам за да го донесат. Но доколку бидам искрен, би рекол дека клубот можеби не стори се што е можно за повторно да го имаме во тимот“, констатира Аргентинецот.

Барселона не ја почна најдобро сезонава во Примера, по три кола имаат само 4 бодови на 8. позиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.