По ангажманот на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, ПСЖ планира во своите редови да го донесе и кристијано Роналдо.

Како што пишува шпански „Ас“, ваквиот план на парижаните ќе биде реализиран идното лето, за кога во клубот од Париз се свесни дека Килијан Мбапе, како слободен играч ќе премине во Реал Мадрид и планираат неговото заминување да го покријат со ангажман на португалската ѕвезда.

Трансферот на Роналдо би бил изведен на ист начин како тој на Мбапе во Мадрид, односно Португалецот би дошол во Париз како слободен играч.

Неговиот менаџер, Хорхе Мендес веќе е запознаен со ваквиот план на ПСЖ. Планот на Роналдо е да потпише двегодишен договор, што ќе му заврши кога ќеима 39 години, по што планира да замине во некоја лига со пониско натпреварувачко ниво, но со добра можност за маркетинг зделки, како САД или Катар.

Доколку трансферот на Роналдо во ПСЖ се реализира, парискиот клуб во своите редови ќе ги има трите првопласирани во изборот за Златната топка во 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.