Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси забележа две асистенции во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Селта Виго (2:2).

И во двата случаи Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез – во 20. и 67. минута.

Меси со овие две асистенции има вкупно 11. Аргентинецот води во оваа статистичка категорија меѓу играчите во најдобрите пет лиги во Европа.

На второ место е Томас Мулер од Баерн (10 асистенции), а по нив следуваат Анхел Ди Марија од ПСЖ, Џејдон Санчо од Борусија и Винченцо Грифо од Фрајбург, сите со по седум асистенции. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.