Капитенот на Барселона, Лионел Меси, ќе го добие орденот „Крст на Свети Ѓорѓи“ (Creu de Sant Jordi), кој се смета за едно од најпрестижните одликувања во Каталонија, објави официјалната веб-страница на фудбалскиот клуб.

Од 1981 година, оваа награда се доделува секоја година во Каталонија на поединци, кои преку нивните напори и достигнувања помагаат на оваа заедница.

Оваа сезона, Меси зеде учество во 45 натпревари за Барселона, во кои постигна 46 гола и запиша 22 асистенции. 31-годишниот Аргентинец веќе ја освои титулата во шпанското првенство.

(МИА)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.