Капитенот на Барселона го известил клубот дека не планира да биде дел од тимот во подготвителниот период, објави радиото РАЦ 1. Фудбалерите на Барселона во недела треба да се појават на лекарските прегледи, но Аргентинецот нема да се појави на закажаниот почеток на подготовките.
Меси, во вторникот, побара од клубот да му го раскине договорот. Одлуката да не се појави на тренинг-кампот само ја потврдува неговата намера да го напушти клубот.
Челниците на Барселона се подготвени да го пуштат да си оди но само под услов да биде исплатена клаузулата од 700.000.000 евра.
Од друга страна Меси тврди дека може да го напушти клубот без обесштетување. Таков совет добил од адвокатската канцеларија која има договор со Барселона. Поради тоа клубот ја раскина соработката со правните застапници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.