Капитенот на Барселона, Лионел Меси, синоќа беше двоен стрелец во триумфот над Ливерпул (3-0) во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Аргентинецот може да се пофали дека постигнал гол на сите натпревари кога за противници во елитното натпреварување имал екипи од Англија. Досега Меси постигнал 26 голови на 33 натпревари со англиски екипи.
Синоќа тој за првпат постигна гол против Ливерпул. Против Арсенал има дадено девет гола, шест пати ја затресол мрежата на Манчестер сити, четири пати на Манчестер јунајтед, три пати го совладал голманот на Челси и два пати на Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.