Барселона синоќа пред своите навивачи го победи Леганес со 3-1, а во листата на стрелци повторно се запишаа Лионел Меси и Луис Суарез. Аргентинецот синоќешниот меч го почна од клупата за резервни фудбалери, но тренерот Ернесто Валверде мораше да го внесе во игра откако Леганес израмни на 1-1.

Набрзо потоа Барселона постигна уште два гола, а во листата на стрелци се запишаа Меси и Саурез.

Неверојатен е фактот дека Меси и Суарез сезонава заедно имаат постигнато 33 гола, што е повеќе од сите останати клубови во Ла Лига. Најблиску се Леванте и Селта со постигнати 32 гола, додека Реал Мадрид постигна 30.

Треба да се спомене и дека Барселона е далеку пред сите екипи кога станува збор за ефикасноста. Во досегашниот дел од сезоната постигнаа вкупно 56 голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.