Лионел Меси го доби најголемото признание на Владата на Каталонија, Крстот на Свети Ѓорѓи, кое се доделува од 1981 година. Сепак, тој со своето однесување на гала вечерата ја разочарал каталонската јавност.

Имено, додека сите присутни во салата и на подиумот ја искористиле приликата за да го изразат својот патриотизам почнале да скандираат „слобода за политичките затвореници“ и да ракоплескаат, единствено Аргентинецот не го направил тоа, а неговиот бојкот бил очигледен.

Признанието за спортски достигнувања, хуманитарна работа и придонес во каталонското општество, на најдобриот фудбалер во светот, му ја предал каталонскиот претседател Куим Тора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.