Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја прокоментира ситуацијата со новиот договор на напаѓачот Лионел Меси.
– Процесот на продолжување на договорот со Меси напредува добро, го цитираше Лапорта новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Претходниот договор на Меси со Барселона истече на 1 јули. Триесет и четиригодишниот Аргентинец, кој игра за каталонскиот клуб од 2000 година, во моментов е слободен агент.
На 10 јули се појави информација дека договорот, кој ќе се пресметува за две години, ќе биде потпишан неколку дена по завршувањето на Купот на Америка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.