Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг и официјално му ја одзема капитенската лента на Хари Мегваер.

Веќе е познато дека Мегваер го изгуби првотимскиот статус во Манчестер Јунајтед, меѓутоа кога добиваше шанса ја носеше капитенската лента.

Дека повеќе нема да биде капитен на Манчестер Јунајтед, соопшти самиот Мегваер на социјалните мрежи истакнувајќи дека е многу разочаран.

„Разговаравме со менаџерот и тој ме информираше дека тимот ќе има друг капитен. Ми беа соопштени причините за оваа одлука, иако сум крајно разочаран ќе продолжам да давам се од себе. Би сакал да изразам голема благодарност до сите навивачи на Манчестер Јунајтед за поддршката која ја добивам. Да се биде капитен на Манчестер Јунајтед е една од најголемите почести во светот на фудбалот и благодарен сум до Оле Гунар Солскјер кој ми даде таква можност“, објави англискиот дефанзивец.

Мегваер летово констатно се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед, меѓутоа засега се уште член на „црвените ѓаволи“ и според неговите изјави сака да остане.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.