Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе го собори рекордот на фудбалерот на Барселона, Лионел Меси во Лигата на шампионите.
Дваесет и двегодишниот Французин синоќа постигна гол во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона (1:1). Тој стана најмладиот играч во историјата на елитното фудбалско натпреварување со 25 голови на турнирот. Мбапе до ова достигнување дојде на возраст од 22 години и 80 дена.
Претходниот рекорд беше на Меси. Тој по 25-ти пат во листата на стрелците во ЛШ се запиша кога имаше 22 години и 286 ден
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.