Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, кој беше повреден во натпреварот од 3.коло од шампионатот на Франција со Тулуз (4-0), ќе отсуствува од терените од три недели до еден месец, пренесува „Ле Паризиен“.
Напаѓачот викендов беше заменет во 66. минута поради повреда на задниот дел од бутот.
Според изворот, Мбапе има повредна на бутниот мускул која за среќа не е така сериозна.
Исто така на натпреварот со Тулуз повредени беа Единсон Кавани и Абиб Диало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.