Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, многу веројатно ќе го напушти францускиот клуб.
Според шпанскиот весник, „Марка“, 22-годишниот Французин нема намера да потпише нов шестгодишен договор со тимот и се надева дека ќе се пресели во Реал ова лето.
Ако тоа не се случи, тогаш Мбапе ќе се пресели во Мадрид идното лето кога му истекува актуелниот договор.
Минатата сезона Мбапе настапи на 47 натпревари на кои постигна 42 гола, а имаше и 11 асистенции.
Интерес за ангажман на Мбапе покажува и премиерлигашот Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.