Младиот крилен напаѓач на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе ќе го пропушти вечерашниот натпревар од 28. коло во француската Лига 1 против Нант, објави „Ле Паризиен“. Како што се наведува, тренерот на тимот Томас Тухел, го казнил Мбапе поради критиките упатени кон неговите тимски колеги по неделниот поразот од Лил (5-1).
Тогаш Мбапе изјави дека тимот играл како да се аматери и немале доволно карактер.
Се забележува дека фудбалерот не е повреден и дека одлуката е чисто дисциплинска.
Натпреварот Нант – ПСЖ се игра вечерва од 19 часот. Евентуална победа за ПСЖ ќе значи заверување на шампионската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.