Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во француската репрезентација со одиграни 30 натпревари. Тој синоќа на дуелот со Исланд (4-0) го одигра 30-от натпревар за триколорите на возраст 20 години и три месеци.
Претходно Карим Бензема беше најмладиот во францускиот национален фудбалски тим со 22 години и девет месеци.
Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, на возраст од 18 години и 95 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.