Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе го одигра својот 100. натпревар во француската Лига 1. Дваесетгодишниот крилен напаѓач беше дел од ПСЖ синоќа на дуелот со Тулуз во 3. коло на кој ПСЖ победи на домашен терен со 4-0.
Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2017 година за оштета од 180 милиони евра.
Тој за „светците“ има постигнато 63 голови, запишано 29 асистенции и три титули во лигата. Статистичарите пресметаа дека талентираниот фудбалер постигнува гол на секои 74 минути. Во натпреварот со Тулуз, тој се повреди и предвреме го напушти теренот во второто полувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.