Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е позитивен на коронавирусот и сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации во вторник против Хрватска, објави Француската фудбалска федерација (ФФФ).
Една од најголемите француски sвезди беше единствениот стрелец во победата на Франција над Шведска (0-1) во саботата.
Мбапе е седмиот играч на ПСЖ заразен со коронавирус, а тренираше со репрезентацијата во понеделникот.
Тој беше изолиран од сите други откако ги доби резултатите на крајот од тренингот и се врати дома вечерта. Како и остатокот од делегацијата, и Килијан Мбапе беше негативен на последниот тест во средата, на барање на УЕФА, пред натпреварот помеѓу Шведска и Франција, се вели во соопштението на ФФФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.