Мауро Икарди повторно не e во тимот на Интер, откако одбил да им се приклучи на соиграчите пред важнотo гостување на „нероазурите“ кај Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа. Аргентинецот му рекол на тренерот Спалети дека се уште чувствува болка во колената и не сака да го ризикува своето здравје.
Последниот натпревар на Икарди во дресот на „сино-црните“ беше на 9 февруари, а четири дена подоцна клубот му ја одзеде капитенската лента.
Неосгласувањата помеѓу Интер, Мауро Икарди и Ванда Нара продолжуваат и тешко дека на крајот ќе дојде до продолжување на договорот на Аргентинецот.
Инаку Икарди минатата сезона беше најдобар стрелец на Серија „А“ со постигнати 29 гола, а сезонава до сега има постигнато само девет гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.