Српскиот фудбалер, Немања Матиќ вели дека Оле Гунар Солскјер е одговорниот човек за резултатите на Манчестер јунајтед. Тој не е во стартниот тим на Солскјер оваа сезона, а Србинот не е среќен со тоа, но го прифаќа изборот на тренерот и работи да се врати меѓу првите 11.
Тој смета дека тренерот ја има одговорноста за резултатите на Јунајтед бидејќи тој го бира тимот кој ќе игра.
Тренерот е тој кој го одбира тимот со кој ќе се бори за титулата и ако не победи тој ја сноси одговорноста, вели Немања Матиќ.
Во фудбалот сум долго време, ги играв речиси сите натпревари за сите клубови каде што бев во изминатите 10 години. За јас да играм, некој морал да седи на клупата и да го прифати тој факт, па така и јас сега, изјавил Србинот.
Во првите два-три натпревари тој одбра тим во кој јас не бев. Работам напорно колку што можам. Ја почитувам одлуката, а на мене е да му покажам дека погрешил и дека треба да ме врати каде што припаѓам. Нема проблем. Му реков дека не се согласувам со него, но тој треба да го одбере тимот, завршил Матиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.