Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Матео Дармијан го напушти Олд трафорд и се врати во родната Италија, во Серија А, каде сезонава ќе настапува за Парма.

Поранешниот репрезентатвец на Италија стана дел од Јунајтед уште од 2015 година, но на вчерашната прес-конференција, тренерот Оле Гунар Солскјаер навести дека ќе го напушти Олд Трафорд.

Понуда за него до „Црвените ѓаволи“ испратила Парма, која англискиот клуб, но и самиот Дармијан, на крајот ја прифатиле.

Среќен сум што се вратив дома. Ова го гледам како важна шанса, изјавил Дармијан, кој е третиот играч на Манчестер Јунајтед кој овој месец заминува во Серија А.

Претходно во Интер заминаа Ромел Лукаку и Алексис Санчез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.