Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, ги разгледувал можностите за разделба со клубот во текот на летото, пишува „Кадена Копе“, а неговто напуштањето на европскиот шампион се чини се поизвесно. Бразилецот вчера повторно остварил средба со шефот на клубот, Хозе Антонио Санчез.

Тој е незадоволен од статусот што го има во клубот и наводно побарал да му биде дозволено да го напушти Реал ако ситуацијата не се промени до крајот на сезоната.

Јужноамериканецот е обврзан со клубот од Мадрид до 30 јуни 2022 година. Со сите претходни тренери на кралскиот клуб тој беше во прв план, но за време на оваа сезона тој честопати се мачеше со повреди.

За Марсело има интерес во Јувентус, каде што игра неговиот голем пријател, Кристијано Роналдо. Португалецот лобира кај раководството на старата дама за да го купат Бразилецот, така што многу е веројатен трансферот во летниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.