Новиот капитен на Реал Мадрид, Марсело, ги сподели своите впечатоци по добивањето на капитенската лента. Триесет и тригодишниот Бразилец игра за клубот од Мадрид од 2007 година.

-Голема чест и одговорност е да се биде капитен на најдобриот клуб во светот. Се чувствувам среќен. Секој ден се будам со голем ентузијазам едноставно затоа што разбирам дека сум во Реал Мадрид. И секоја сезона има се поголем ентузијазам. Се радувам на почетокот на сезоната. Секоја година учам сè повеќе и повеќе, секогаш има нешто ново. А, фактот дека сега сум капетан е остварување на сонот, изјави Марсело за „Марка“.

Претходно капитен на Реал Мадрид беше дефанзивецот Серхио Рамос, кој го напушти тимот ова лето. Триесет и петгодишниот Рамос играше за клубот од 2005 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.