Одбранбениот фудбалер Марсело ќе помине уште една сезона во Реал Мадрид. Бразилецот ја контактирал управата на клубот за да ја разјасни ситуацијата по информациите за можна негова продажба. Триесет и тригодишниот фудбалер добил уверување дека нема за што да се грижи, објави шпанска „Марка“.
Реал Мадрид го цени својот заменик-капитен и ја почитува желбата на играчот да го одработи неговиот договор до крајот, кој ќе истече следното лето.
Исто така, на одлуката да се задржи Марсело во тимот влијаело и мислењето на новиот тренер Карло Анчелоти.
Марсело игра во Реал Мадрид од 2007 година. За тоа време, тој освои 22 трофеи со клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.