Француската фудбалска федерација ќе запише службен пораз од 3:0 за Марсеј поради тоа што одлучи да не го доигра натпреварот од 3. коло во Лига 1 на гостувањето кај Ница.
Средбата беше прекината во 75. минута при водство на Ница со 1:0, кога домашни навивачи влегоа на терен и го нападнаа фудбалерот на Марсеј, Паје, кој се подготвуваше да изведе корнер.
Кон него беа фрлена различни предмети од трибината зад голот, по што Паје фрли шише кон домашните навивачи како одговор.
Тоа доведе до бурна реакција кај навивачите на Ница, а дел од нив се симнаа на теренот и почна масовна тепачка и натпреварот беше прекинат.
По околу еден час, играчите на Ница и судиите се вратија на теренот со намера да го продолжат натпреварот, но Марсеј одби да ја доигра средбата.
Според правилата на Лига 1, Марсеј службено ќе го загуби мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.