Во последниот натпревар од 15-то коло на франциското фудбалско првенство Олимпик Марсеј ја совлада Троа со 1:0, остварувајќи ја првата победа во последните четири натпревари.
Далеку отколку што се очекуваше Марсеј сепак успеа да ја скрши одбраната на Троа, а решавачкиот погодок го постигна Пол Лирола во 74 минута.
Марсеј се одржа на четвртата позиција со 26 бодови, колку што има и третата Ница, два помалку од второпласираниот Рен, а на врвот недостижен е ПСЖ со 40 бодови.
Троа е 17-та со 13 водови, колку што има и 18-от Клермон, бод повеќе од претпоследниот Мец и последниот Сен-Етјен.
Во претходно одиграниот натпревар Лион како гостин со погодокот на Лукас Пакета во 17 минута. Лион е седми со 22 бодови, колку што има и шестиот Анже, а Монпелје остана на 19 бодови на 11-то место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.