Генералниот менаџер на Интер, Џузепе Марота потврди дека тренерот Лучано Спалети ќе остане на функцијата и следната сезона. Медиумите објавија дека Антонио Конте се согласил да ги предводи „нероазурите“ од летото и да го замени Спалети, но изјавата на Марота ги негира овие наводи.
Дали сме избрале тренер за следната сезона? Да. Тоа е Спалети, кој има договор и ние сме задоволни од него, објави Марота.
Тренерот го предводи Интер од 2017 година и има договор до 2021. Во оваа сезона, миланскиот клуб е на третото место на табелата на четири кола пред крајот на првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.