Талентираниот српска напаѓач, Лука Јовиќ се најде на денешната насловна страна на шпанскиот весник „Марка“ кој го најави Србинот како новата деветка на Реал во трансфер вреден 70 милиони евра.

21 годишниот голгетер, кој запиша 25 гола зад своето име оваа сезона, се поврзуваше со голем број на клубови, а „Марка“ пишува дека Србинот е цел број 1 на „кралевите“ за засилување на нападот.

Таткото на Лука Јовиќ пред неколку дена откри дека тие веќе ја одбиле Барселона бидејќи на Камп Ноу неговиот син немал да има доволна минутажа, па останува да се види дали „кралевите“ ќе го убедат Србинот да се пресели на „Бернабе“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.