Веќе одамна се шпекулира дека ѕвездата на Челси, Еден Азар ќе се пресели во Реал Мадрид, а Белгиецот и самиот не крие дека негова желба му е да заигра во дресот на шпанскиот клуб. Шпанска „Марка“ дополнително ги подгрева овие наводи и ги израдува навивачите на Реал во написот во кој се  тврди дека Азар веќе си има пружено рака со раководството на Реал.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан е голем фан на играта на Азар, па убеден е ден совршено ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а наводно Белгиецот веќе се договорил со раководството на Реал Мадрид.

Според информациите на шпанскиот весник, договор бил постигнат и меѓу двата клуба, па наводно останала само официјална потврда, а такво нешто се очекува во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.