Аргентинскиот новинар Луис Вентура тврди дека Диего Марадона умрел во сиромаштија, иако заработил навистина многу во кариерата.
Марадона немаше речиси ништо на својата банкарска сметка, умре во сиромаштија“, изјави Вентура.
Според него, причина за тоа не е начинот на живот кој Марадона го водеше, туку бил премногу наивен кога станува збор за луѓето од неговото опкружување.
Луѓето блиски до него го ограбија, порача аргентинскиот новинар.
По завршувањето на играчката кариера Марадона се борел со депресија и зависност од алкохол и наркотици, а потоа се проба и како тренер, беше и селектор на Аргентина, но не забележа поголеми успеси. Прифаќаше богати понуди каде што можеше да го „наплати“ своето име, па така работеше во Обединети Арапски Емирати и Мексико, беше почесен претседател на белоруски Брест, а не одбиваше ни разни понуди за реклами.
Како го ограбија луѓето од опкружувањето? Така што добиваа се што ќе побараа. На никого не му кажа не. Таков беше Марадона, вели Вентура.
Неговата приказна ја потврди и парагвајскиот напаѓач Пабло Веласкез кој играше кај Марадона во Дорадос, па раскажа дека на играчите самиот им ги исплаќал премиите и вечерите, но не само тоа.
Носеше два часовници, прстени, алки… Доволно беше да кажеш дека ти се допаѓаат, веднаш ги вадеше и ти даваше се“, објаснува Веласкез, додека медиумите потсетуваат дека голем дел од парите ги загубил и за време на судењето со поранешната жена Клаудија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.