Диего Марадона, на приватна церемонија само со најблискуте луѓе беше погребан во Буенос Аирес до гробовите на своите родители Далма и Диего.
На погребот на Марадона присуствуваа само членови на фамилијата и негови блиску пријатели.
До гробиштата возилото во кое беше пренесуван Марадона беше под силно обезбедување. На патот илијадници фанови вееа знамиња и се обидуваа да го допрат возилото.
Претходно, телото на Марадона беше изложено во претседателската палата каде фановите се испраќаа од аргентинската икона. Таа церемонија траеше значително подолго од предвиденото, фамилијата побара да се прекине за да може да биде извршен погребот. Тогаш настанаа инциденти бидејќи голем дел од фановите не успеаа да поминат крај телото на Диего. Полицијата употребуваше и гумени куршуми.
Диего не е мртов, Диего живее во луѓето, извикуваа фановите низ улиците на Буенос Аирес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.