Легендарниот Диего Армандо Марадона даде зелено светло за новото лице на Лионел Меси кое можевме да го видиме на овогодинешното издание на Копа Америка.

Меси и овојпат ја имаше капитенската лента на своите раце со тоа што сега презема далеку поголемо одговорност, постојано се соочуваше со медиумите, но и имаше неколку остри изјави, обвинувања за корупција за кои сега доби казна од КОНМЕБОЛ.

Овој Меси му оставил силен впечаток на Марадона кој од болничкиот кревет порача:

Ова беше Меси во форма на Марадона. Го видов како се буни повеќе, кажуваше што чувствуваше и да се победи на теренот без некој да намести натпревар. Овој Меси повеќе го сакам што е со неговото семејство што си игра со неговото куче или пие пиво. Овој Меси ми се доапаѓа повеќе од оној што го критикуваа затоа што тој не ја пееше националната химна. Аргентина профитира од се што Меси прави – порача дон Диего.

Извор: Дерби


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.