На стадионот во Неапол ќе биде поставена статуа во природна големина на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Споменикот ќе биде откриен на 28 ноември, три дена по годишнината од смртта на Марадона.
Статуата ќе биде претставена пред првенствиот натпревар меѓу Наполи и Лацио. Ќе биде поставена на подвижен постамент ќе мине по атлетската патека за да биде поздравена од присутните на стадионот.
Трајното место на кое ќе биде поставен споменикот ќе биде во рамки на стадионот.
Марадона во Неапол има статус на икона и само неколку денови по неговата смрт во ноември минатата година, стадионот „Сао Паоло“ на кој Наполи ги игра своите натпревари беше преименуван во стадион „Диего Армандо Марадона“.
Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња го носеше дресот на Наполи од 1984 до 1991 година и на клубот од Неапол му донесе две шампионски титули во Серија А, еден италијански куп и трофеј во Купот на Уефа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.